Како Џулија Робертс му го скршила срцето на Пеп Гвардиола

Најдобриот тренер на денешницата, очигледно пресреќен и расположен по историскиот триумф на неговиот Манчестер Сити над Ред Бул Лајпциг од 7-0, на новинарите на прес им откри една интересна тајна..

„Имам три идоли. Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. И замислете, минатата година Џулија доаѓа во Манчестер и да беа ’80-ти, ’90-ти со Сер Алекс Фергусон па да разберам, ама кога Сити веќе 4-5 години беше подобар од нив, да отиде кај Јунајтед а не кај нас, тоа ми е болка. Дури и да освојам Лига на шампиони, нема да се помирам што Џулија дошла во Манчестер а не дојде на наш натпревар“. 

Интересно, Џулија Робертс во ноември 2016-та дошла на „Олд Трафорд“ и го гледала мечот Ман. Јунајтед - Вест Хем. Гвардиола во тоа време го водел Сити веќе пет месеци:

Од Манчестер Јунајтед му одговорија:

Што е тоа пента-трик и кој друг освен Халанд остварил таков подвиг во Лига на шампиони?

15 март 2023 - 12:31