
Јирген Клоп отворено ја критикува идејата за Светско клупско првенство кое според него е глупост.
Светското клупско првенство има 32 екипи поделени во 8 групи и ќе се одржува меѓу две сезони на секои четири години во летен период.
„Се работи за играта а не за околни настани и тоа е зошто Светското клупско првенство е најлоша идеја некогаш имплементирана во фудбалот вака.
Бесмислено натпреварување е. Кој и да победи ќе биде најлошиот победник на сите времиња зошто играл цело лето а после веднаш се враќа во домашното првенство. Има луѓе кои никогаш не биле инволвирани во секојдневен бизнис на фудбалот и сега доаѓаат со некакви идеи“, вели Клоп.
Германскиот стратег додава и дека денес играчите добиваат сè помалку и помалку време за одмор и предупедува дека ваков турнир потенцијално е опасен по нивното здравје.
Премногу натпревари се. Се плашам дека следната сезона ќе гледаме повреди како никогаш претходно. Ако не тоа, тие ќе дојдат за време или по Светското клуопско првенствол. Нема време за опоравок за оние кои учествуваат, ниту физички ниту психички“.
Јирген Клоп кој девет години со огромен успех го водеше Ливерпул од каде замина во 2024-та, сега е шеф на глобален фудбал во компанијаа Ред Бул која е сопственик на неколку клубови меѓу кои и Ред Бул Лајпциг и Њујорк Ред Булс.
На прашањето дали би сакал пак да тренира тој вели: „Не го сакам тоа повеќе. Имам работа која ме исполнува и која е исто захтевна. Не спијам доцна на сабајле и не легнувам доцна во кревет но можам да си ја организирам работата многу подобро“.
Клоп: „За 23 години не бев ни на една свадба, сега на 2 за четири месеци“