Италијанскиот шампион на гости кај Анчелоти

Шпанско-италијанската пресметка во Мадрид е дуелот кој предизвикува најголемо внимание во втората ноќ од третото коло во ЛШ. Јунајтед раните од ремито против Саутемптон ќе ги лечи против Сосиедад, а најлесна задача има Баерн против Викторија Плзен.

Најинтересните факти за мечот Реал Мадрид – Јувентус:

-Фудбалерите на Антонио Конте имаа неочекувано слаб старт во Лигата на шампионите со две нерешени средби против Копенхаген и Галатасарај, а во Мадрид ќе патуваат по шокот кој го доживеаа во Фиренца од 4:2 со пресврт на „Виолетовите".

-Деветкратниот европски шампион постигна 10 гола и освои 6 бода во првите две кола против Копенхаген и Галатасарај, а Роналдо постигна 5 од тие и за сега е прв стрелец во Лигата на шампионите.

-Стратегот на Јувентус поради повреда нема да може да смета за вечерашниот дуел на Лихштајнер, Пепе, Вучиниќ и Кваљарела.

-Герет Бејл поради повреда засега има само четири настапи за „Кралскиот тим", но се очекува да биде дел од вечерашната пресметка. Чаби Алонсо продолжи да тренира по повредата.

-Интересно е што на сите 14 соочувања во Лигата на шампионите, ниту едел дуел не завршил без победник, туку и двете екипи имаат по 7 триумфи. Прв пат се сретнале во 1962 година кога во четвртфиналето Реал го елиминирал Јувентус со две победи, а последниот дуел им е во групната фаза во сезоната 2008/2009 во која Јуве славеше на двата меча.

-Овие два тима имаат одиграно и финале во ова натпреварување во 1998 година кога со голот на Предраг Мијатовиќ, Реал стигна до пехарот.

-Карло Анчелоти му беше тренер на Антонио Конте во тимот на Јувентус од 1999 до 2001 година, како и неговиот сегашен помошник Зинедин Зидан кој играше за „Старата Дама" од 1996 до 2001 година.

-Единствениот пораз на Анчелоти на неговата клупа е оној во градското дерби од Атлетико на 28 септември, додека Конте како тренер на Јуве за прв пат овој викенд прими четири гола.

Група А
Баер Леверкузен – Шахтар Доњецк
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад

Група Б
Реал Мадрид - Јувентус
Галатасарај - Копенхаген

Група Ц
Андерлехт - Пари Сен Жермен
Бенфика - Олимпијакос

Група Д
ЦСКА Москва - Манчестер Сити
Баерн Минхен - Викторија Плзен

23 октомври 2013 - 12:59