Исполнување на еден сон

3.000 навивачи присуствуваа на натпревар на фудбалскиот клуб Портланд Тимберс против екипата „Зелена машина" предводена од 8-годишно дете кое боледува од рак.

Атиукс Лејн-Дупре има само 8 години, а неодамна дозна дозна дека има рак, па првотимците од неговиот омилен фудбалски клуб Портланд Тимберс решија да му исполнат една желба.

Малиот херој и неговите другарчиња направија екипа и одиграа натпревар против нивните миленици и ги победија со 10:9, а Атикус постигна 4 голови.

2 мај 2013 - 12:23