Иличиќ влезе во игра па Гасперини го извади

Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени брзо откако влезе во игра, за да сочуваат 0:0 со Реал.

За првпат после април 2019-та година Аталанта не упати ниту еден шут во рамките на противничкиот гол на домашен терен (последен пат против Интер не шутнале на гол пред скоро 2 години).

Тимот од Бергамо кој од 17' минута играше со играч помалку поради спорниот црвен картон на Фролјер, загуби 0:1 од Реал Мадрид во првиот меч од 1/8 финалето на ЛШ.

Но дуелот помина и во чудна одлука на тренерот на домашните, Џан Пјеро Гасперини кој го остави најдобриот играч на екипата Јосип Иличиќ на клупа за резерви. Потоа го внесе во игра во 56' минута, а го извади во 86-та на запрепастување на многумина, кога Аталанта бркаше резултат.

Тренерот јавно бил не задоволен од Словенецот.

Новинарот на Eurosport, Сиавуш Фалахи на Твитер објави дека Гасперини на цел глас му свикал на Иличиќ: „Престани да се жалиш и почни да напрвиш нешто корисно“.

TuttoMercatoWeb додава и дека до новинарската ложа се слушнале зборовите на Гасперини до Јосип: „Не се давај. Не спуштај раменици! Ангажирај се“. 

Во 86' минута од мечот, точно пола час откако влезе во игра, наместо Иличиќ на терен се најде Украинецот Руслан Малиновски.

Набрзо Реал даде гол преку бекот Менди, а Словенецот тргна кон подтрибинскиот простор, бавно го заобиоколи теренот и се повлече во соблекувалните. 

Гасперини на прес-конференција вака ја објасни чудната замена:

„Останаа уште неколку минути до крај. Сакав да ставам некој кој ќе може да помогне во одбрана. За жал примивме гол“.

Италијанските медиуми веднаш потсетија на декемврискиот конфликт на Гасперини со лидерот на екипата Папу Гомез. Тогаш Corriere dello Sport пиша дека Иличиќ јавно го поддржал капитенот кој не се согласил со тактиката. Словенецот тогаш не играше 3 меча по ред иако беше во топ форма, но после се врати во првичниот статус на лидер и неколку натпревари во серија беше играч број 1 на теренот.

Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени за да сочуваат 0:0 со Реал.