Таг: клупа за резерви

Иличиќ влезе во игра па Гасперини го извади

Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени брзо откако влезе во игра, за да сочуваат 0:0 со Реал.

Го повреди резервниот играч кој влезе место него во игра

На мечот Остерс - Дегерфорс во шведска втора лига, во 82’ минута гостинскиот тренер го внесува во игра Озѓун наместо Линдал. Но во моментот на стандарден поздрав додека едниот излегува од игра, а другиот влегува, Линдал несакајќи му брцнал прст во око на Озѓун. Овој веднаш бара интервенција, стои неколку минути надвор од теренот и се враќа дури во судиско продолжение. Мечот завршува 1-1.

Неприметниот јунак кој го спаси Тотенхем и кој трпеливо седи на клупа

Скоро и да нема не само фудбалер, туку играч во кој било колективен спорт кој спокојно и мирно седи на клупата за резерви. Единствен таков пример е Фернандо Љоренте, шпанскиот див кој без приговор чека шанса и се става во служба на генерал Почетино.

Најкорисната измена во историјата на фудбалот

Заборавете на џокерот на Фергусон, Оле Гунар Солскјер и неговиот гол во финалето од ЛШ против Баерн. Заборавете и на Теди Шерингам, Дарко Ковачевиќ и ред други славни фудбалери кои растураа со голови од клупа. Го имаме џокерот на столетието кој влезе, се препоти од трчање и го реши мечот.

Што значи кога екипа има пивара за спонзор

Како резултат на договорот за спонзорство меѓу Гамбриниус, едно од најпознатите чешки пива и фудбалскиот клуб Викторија Плзен, спонзорот решил да постави нови, модерни клупи за резервни играчи кои имаат 14 места.