И Италијанците претераа со соблекувалните во Босна

Дали им е ова тактика за психолошки притисок за што се прави мајстори или само надмено ја потценуваат Босна и Херцеговина, одговорот го знаат само тие. Овие 2-3 дена нема италијански новинар во Зеница кој не направи видео или фотографија од стариот и истрошен стадион „Билино Поље“. Капитенот на БиХ Един Џеко убаво им одговори: „И стадионот во Емполи и други стадиони во Италија се исти и полоши“.

„Еве ја собелкувалната каде ќе се пресоблекуваат Донарума и соиграчите, еве ја таблата за тактика, клупите за играчи, тушевите и 'кофата' за криотерапија“, вели новинарот на италијанска Ла Стампа во видеото снимено од соблекувалната на Италија во Зеница: 

И Новак Ѓоковиќ во Зеница, ќе ја бодри БиХ против Италија 

Италијански војник гледал тренинг на БиХ, Босанците се жалеле

Џеко за стадионот во Емполи

31 март 2026 - 14:37