Тренингот бил отворен за јавност во првите 15 минути после што сите новинари и фоторепортери го напуштиле тренингот, а италијанскиот војник од ЕУФОР останал и снимал/сликал со мобилниот телефон што многумина во фудбалскиот сојуз на БиХ го толкувале како шпионажа пред натпреварот.
Средбата Босна и Херцеговина - Италија во финалето на баражот за пласман на Светско првенство 2026 се игра вечерва од 20:45 во Зеница.
Италијанците доаѓаат како фаворити но и домаќинот ќе има што да каже, особено ако се знае за цела оваа генерација ова е историска шанса да се обезбеди пласман на Светско првенство после оној првиот во 2014-та.
Од друга страна аѕурите пропуштија 2 Светски по ред после шокантните порази во бараж од Шведска и Македонија (голот на Трајковски во Палермо), па сега се под огромен притисок од јавноста која се плаши од нов кошмар.