ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Португалија и Хрватска одиграа натпревар за паметење. Хрватска поведе преку Иван Перишиќ во 53' минута, а Португалија израмни во 68' минута преку капитенот Кристијано Роналдо. Во финишот имаше права драма. Прво Португалците дојдоа во водство 2-1 преку Гонсало Рамош во 90+4' а потоа на Хрватите им беше поништен гол на Јошко Гвардиол поради офсајд.

После сите дискусии и дебати, се огласи и ФИФА. Образложи зошто норвешкиот судија Еспен Ескас прво го признал голот но на интервенција од ВАР собата и откако гледаше снимка од голот го поништи.

И покрај тоа што Ренато Веига играше со топката претходно, во моментот кога Матановиќ ја пратил кон своите соиграчи, Марио Пашалиќ на крајот беше во офсајд.

„Според податоците кои ги пружа Конектед Бол Технолоџи вградена во адидас топката Трионда, службената топка на Светско првенство, потврдено е дека хрватскиот број 20, Игор Матановиќ остварил контакт со топката на почеток од акцијата против Португалија што на судијата му овозможни исправно да досуди офсајд и да го поништи погодокот“, стои во соопштението на ФИФА.

Споменатата технологија користи сензори вградени во топката. Тие сензори го регистрираат и најмалиот допир со топка и информациите ги праќаат до ВАР собата. На гледачите тој контакт обично им се прикажува преку таканаречената „хартбрејк“ графика која го означува моментот на контактот на играчот со топката.

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

3 јули 2026 - 10:18