Со двата гола за Атлетико Мадрид на синоќешниот натпревар против Бетис, Радамел Фалкао си ја подобри статистиката и се искачи на првата позиција на листата на стрелци во однос на поминатите минути на терен.
Тој оваа сезона одигра 304 минути на четири натпревари и постигна 5 голови, што значи дека тој постигнува гол на секои 60 минути.
Пет голови постигна и Робин ван Перси, но тој на терените помина 313 минути, односно дава гол за 62 минути игра.
На Ибрахимовиќ му требаат 64 минути, на Меси 65, а на Манџукиќ му се потребни 76 минути да даде гол.
1. Радамел Фалкао, 5 гола за 304 минути - гол на секои 60 минути
2. Робин ван Перси, 5 гола за 313 минути - гол на секои 62 минути
3. Златан Ибрахимовиќ, 6 гола за 450 минути - гол на секои 64 минути
4. Лионел Меси, 6 гола за 393 минути - гол на секои 65 минути
5. Марио Манџукиќ, 5 гола за 383 минути - гол на секои 76 минути
Нашиот најдобар стрелец не заостанува многу споредено со најефикасните од најсилните европски лиги. Јован Костовски од Вардар оваа сезона во македонската лига одигра 7 натпревари и постигна 7 гола. Тој на терените помина 619 минути, што значи дека дава гол на секои 88 минути. Зад него по ефикасност е Крсте Велкоски од Работнички кој одигра 630 минути на 7 натпревари и постигна 6 гола, односно постигнува гол на секои 105 минути.