Епскиот кам бек на Реал Мадрид

Само 90 секунди му требаше на кралскиот клуб да го уништи и деморализира Манчестер Сити кој никако да ја оствари целта наречена Лига на шампиони. Имаа 4:3 од првиот дуел и водство од 0:1 до 90-та минута и пак се елиминирани.

Лудото сценарио на Бернабеу одеше вака:

72-та Марез 0:1
90-та Родриго 1:1
91-ва Родриго 2:1


Потоа продолженија два пати по 15 минути во кои Бензема од пенал во 95-та го однесе Реал во финале. Неверојатно.

Реал Мадрид - Манчестер Сити 2:1, (3:1) во продолженија (прв меч 3:4)

5 мај 2022 - 08:55