Дон Карло Анчелоти синоќа испиша нова историја, бидејќи стана прв тренер со пет финалиња во Лигата на шампионите. За епскиот пресврт изјави:
„Ако прашате како успеваме да го направиме ова, ќе ви одговорам дека историјата на клубот ни помага да продолжиме да се бориме дури и кога се чини дека се е веќе завршено. Натпреварот беше речиси загубен, но сепак успеавме да го направиме последниот чекор“.
5 - Carlo Ancelotti has reached his fifth UEFA Champions League final (2003, 2005 and 2007 with AC Milan, 2014 and 2022 with Real Madrid), the most of any manager in the competition's history. Grande. pic.twitter.com/61IciOWNFG
— OptaJoe (@OptaJoe) May 4, 2022
Реал Мадрид, да потсетиме не еднаш или два пати, туку против сите три екипи во нокаут фазата се враќаше со пресврти, а уште поголема тежина на тоа има што противниците им се викаа ПСЖ, Челси и Манчестер Сити.
Екипи кои веројатно никој не ги посакува за противници, бидејќи целта се знае која им е. Трофеј.
Серијата почна во осминафиналето кога Реал загуби во Париз 1:0, а потоа дома беше во нова негатива од 0:1. Стрелец на двата гола беше Мбапе.
Но во 61-та, 76-та и 78-ма минута му се запали сијаличката на Карим Бензема и со хет-трик за 17 минути ги разнесе Парижаните.
Дека игра во животна форма потврди и на четвртфиналниот двобој против Челси и на првиот меч во Лондон блесна со нов хет-трик, а Реал победи 1:3.
Работите на реваншот во Мадрид не се одвиваа како што очекуваа домаќините, бидејќи европскиот првак се закани со водство од 0:3, кое им беше доволно за полуфинале.
80-та Родриго, 96-та Бензема. Бернабеу се тресеше, а кралевите славеа пласман во топ 4.
И по овие две лудачки нокаут битки кои драстично ги зголемуваат возбудата и адреналинот, па дури и кај неутрални навивачи, за полуфиналето против Манчестер Сити веќе беше нелогично да се прогнозира или да се каже кој е фаворит.
Резултатот на Етихад се движеше вака: 2:0, 2:1, 3:1, 3:2, 4:2, 4:3. По секој гол на моќниот Сити после водство од 2:0, момците на Анчелоти имаа одговор.
Претпоследниот го дадоа на реваншот, а кој друг ако не Карим Бензема по само 4 минути во продолженијата, откако Родриго со два гола во 90-та и 91-ва го сврте мечот за вкупни 6:6.
Последниот одговор го спремаат за 28 мај во Париз, финале против Ливерпул кое веројатно не постои фудбалски фанатик кој не го чека со нетрпение.
Un plan sin fisuras.#APorLa14 pic.twitter.com/5v5YycDThZ
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 4, 2022