Добил ќерка, задоцни на натпревар и постигна хет-трик

Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија и член на Барселона, Џонатан Соријано постигна хет-трик. Но тоа не е ништо ново. Веста е дека влезе во игра во второто полувреме затоа што неговата сопруга се породила и тој задоцнил на натпреварот.

20 април 2013-та година е денот кој Соријано ќе го памети до крајот во својот живот. Фудбалерот на Салцбург задоцнил на натпреварот од австриското првенство против ВАЦ и на стадионот пристигнал на средината од првото полувреме, но тренерот секако не му се налутил.

Соријано имал добра причина за неговото доцнење. Додека неговите соиграчи се загревале пред натпреварот, тој бил во болница каде неговата сопруга родила ќерка.

Резултатот на полувремето бил 2:2, па Соријано доби шанса во вториот дел и веднаш ја искористи.

Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија и член на Еспањол и резервниот тим на Барселона, се запиша во листата на стрелци во 50-та, 76-та и 87-та минута за комплетирање на најсреќниот ден во неговиот живот со хет-трик и победа на неговиот тим со 6:2.

22 април 2013 - 09:48