Политичката историја во шпанскиот фудбал (втор дел)

Дајте ни го Ди Стефано, ако не ќе ти пратам инспекција

Иконата на Реал Мадрид од 50-те пред да го облече кралскиот дрес, морал присилно да го соблече каталонскиот бидејќи така сакал Франко. Тој го користел Реал Мадрид и селекцијата на Шпанија за меѓународни поени и подобрување на имиџот.

БИТКАТА ЗА ДИ СТЕФАНО
 
На почеток, зближувањето на Реал Мадрид до Франко не даде резултати. Меѓу 1939-та и 1954-та, не освоија ниту една титула, а Барселона освои пет. Сепак трансферот на Алфредо Ди Стефано во Мадрид, ќе му дозволи на тимот да направи измени во тој поглед. Во трансферот имаше корупција, политичка заднина и садистичка природа на Франко напишана низ целата таа сцена. Преселбата на Ди Стефано во Мадрид ќе стане еден од најголемите фудбалски скандали во историјата на фудбалот.
 
Тој беше сметан за еден од најголемите фудбалери во своето време и играч со доста репутација. Ди Стефано беше ѕвезда на колумбиската екипа Милонариос, а Шпанија ја освои за време на еден пријателски турнир во Мадрид. Барселона и Реал Мадрид истовремено се интересираа за играчот, а први кои му се обратија беа Каталонците. Преговорите се одвиваа непречено, па дури и тој одигра две-три пријателски натпревари за Барселона.
 
Но Франко ќе стори се што е во негова моќ да го повлече од редовите на Барса. Претседателот на Барселона, Марти Карето бепе заробен во хотел во Мадрид и доби порака дека неговата текстилна компанија ќе биде строго претресена и ќе добие тешки даночни инспекции ако не му го предаде Ди Стефано на Реал.
 
Двата клуба дури се договараа тој да одигра алтернативни сезони за двата клуба, но Карето не се сложи со таквите смешни договори и на крај крена раце од Ди Стефано. Во еден прилично суров пресврт на настаните, еден месец подоцна Ди Стефано постигна четири гола против нив. По купувањето на Алфредо Ди Стефано, Реал Мадрид успеа да освои пет последователни европски титули.

КОЈА СТРАНА ЈА ФАЌА ЕСПАЊОЛ
 
Локалниот тим Еспањол исто така беше жесток непријател на Барселона уште од почетокот на 20-ти век, особено во времето на режимот на Франко. Повеќето од жителите на Барселона го гледаа ентитетот на Еспањол како еден од приврзаниците на владеењето на Франко. За време на граѓанската војна, истакната група на поддржувачи на Еспањол се приклучи на страната на фашистичките фалангисти и за време на движењето за независност во 1918-ва година (приврзаниците на ФК Барселона беа револуционери кои сакале да добијат автономија за нивната земја), Еспањол направи петиција против него, што дополнително ги отежна тензиите.
 

Кубала и Ди Стефано

РЕАЛ МАДРИД И РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА КАКО ГЛАВНО ОРУЖЈЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИ ЦЕЛИ
 
Франко исто така успешно го користеше фудбалот како средство за антагонизирање на неговите советски непријатели во меѓународната политичка сцена. Тој ги охрабри фудбалерите да се откажат од комунистичките земји и да најдат засолниште во Шпанија. Легендарниот унгарски фудбалер Ференц Пушкаш заигра заедно со Ди Стефано. Со тоа го привлече вниманието на светската сила САД, бидејќи светот беше во средината на врвот на студената војна.
 
Реал Мадрид беше користен за промовирање на имиџот на Шпанија во странство и со тоа создаде успешна и гламурозна слика на земјата во меѓународни рамки. Иако Шпанија беше во политичка изолација во тоа време, Франко умно го искористи Реал како средство за привлекување внимание на неговите европски соседи.
 
Тој се обиде да им проектира на своите граѓани славна слика на Шпанија и преку националниот тим. За да го постигне тоа ги национализираше најдобрите светски играчи за да обезбеди победа. Шпански државјани ги направи Чехот Кубала и Унгарецот Пушкаш, а исто така и Ди Стефано во 1956-та и покрај тоа што претходно ги претставуваше Аргентина и Колумбија. Сепак, ниту еден од овие играчи никогаш не играл на Светско првенство.
 
Омразата на Франко кон Советскиот сојуз беше добро позната. Тие и дадоа на Каталонија помош и оружје за време на граѓанската војна. Советскиот фудбалски тим во тоа време беше еден од најдобрите во светот и плашејќи се да не загуби од нив, тој ја повлече Шпанија од ЕП 1960. На следното Европско Шпанија беше домаќин, а во финалето се сретнаа токму Советскиот сојуз и Шпанија, средба која беше наречена како еден вид судир меѓу комунизмот и фашизмот. Шпанија го освои Еврошампионатот со играчи родени само во Шпанија, а шпанскиот печат пишуваше дека генералот ја спасил земјата како целина.

Со националниот тим исполнет од играчи на Реал и Барселона, се чинеше дека потсвесно двете групи на фудбалери не можеа да се обединат. Сепак сите овие идеи беа променети кога Шпанија триумфираше на ЕП 2008, а потоа врза уште трофеи и на СП 2010 и ЕП 2012. Политичката историја останува вовлечена во шпанскиот фудбал, но на меѓународно ниво (што се однесува до играчите) работите изгледаат многу поинакви.
 
Политиката е вкоренета во шпанскиот фудбал уште од самиот почеток и оттогаш е вградена во културата на секој фудбалски навивач. Ова беше илустрирано и на финалето од Копа дел Реј во 2008-ма помеѓу Барселона и Атлетик Билбао, кога Каталонците и Баскијците ја исмеаја шпанската национална химна, јасно демонстрирајќи ги своите чувства кон владата во Мадрид. Затоа политиката во Шпанија, со над 15 автономни заедници, од кои секоја поседува единствени верувања е исклучително сложена и комплексна работа. Тоа е многу поголема тема и не може да се ограничи само на Франко.
 
Безмилосниот диктарот, како и неговите современици Бенито Мусолини и Адолф Хитлер, беше успешен во искористувањето и реализирањето на огромниот потенцијал на фудбалот. Додека Хитлер го користеше фудбалот и повеќе од тоа, а Мусолини за да ги зголеми националистичките вредности низ земјата, Франко го искористи како мерка за да и покаже на републиканската опозиција уште еден аспект од неговата супериорност. Тој беше во можност да го користи како клучна алатка за создавање и реконструкција на неговиот меѓународен имиџ.