Политичката историја во шпанскиот фудбал (прв дел)

Како диктаторот Франко го присвоил Реал и ги угнетувал Каталонците

Дербито меѓу Барса и Реал не е само фудбалски натпревар. Тоа е битка меѓу две идеологии со длабока историско политичка позадина во која главен актер е сојузникот на Хитлер и Мусолини. Тие што вееле каталонско знаме на стадион, ги пикал во затвор.

Светското првенство во 1938-ма година се одигра без значајната Шпанија бидејќи во тоа време земјата беше распарчена од страна на левичарските републиканци и коалицијата на националистички сили предводена од генералот Франциско Франко. Граѓанската војна во Шпанија беше повод за заедништво на тројцата најмоќни фашистички водачи.
 
Во 1937-ма, Мусолини испрати значителна бројка на војници за поддршка на неговиот сојузник, а потоа учество земаа и Германците откако Хитлер испрати моќни воздушни и оклопни единици за да му помогне на Франко.
 
До 1939-та, Франко беше успешен во спречувањето на последните изливи на неговиот републикански отпор, вклучувајќи и што е најважно, главниот град на Каталонија, Барселона. За само една недела во последната година од борбата, во Барселона беа егзекутирани 10.000 припадници на анти-Франко бригадата и уште 25.000 припадници беа застрелани по прекинот на огнот во градот.

Инаку Каталонија е регион во Шпанија која ги опфаќа провинциите Барселона, Жирона, Леида и Тарагона, а Баскија ги вклучува Алава, Бискај и Гипускоа. И каталонскиот и баскискиот народ се гледаат себе како посебни нации од Шпанија. Но овој напис е фокусиран на Каталонија.
 
Борбата за каталонска независност продолжува до денес. Иако Каталонија има широка автономија, Каталонците сè уште се стремат кон постигнување сосема поинаква нација. Кога Шпанија во 1931-ва стана република, на Каталонија за брзо време и беше додадена републиканска единица, која беше важна за време на граѓанската војна.

ФРАНКО VS КАТАЛОНИЈА
 
Националистичката група на Франко беше строго против Републиканците, што значи природно и против идејата за Каталонија да го задржи својот посебен ентитет. Франко ја отповика автономијата на Каталонија и со разни мерки ја потисна каталонската култура. На пример за време на неговиот режим на ниту еден клуб не му беше дозволено да користи друго име освен шпанското и Барселона се преименува во ‘Club de Fútbol Barcelona’.
 
Не само тоа, туку тие беа принудени да го отстранат каталонското знаме од клупското лого. Франко не само што ги потиснуваше луѓето, туку и фудбалските клубови играа важна улога во неговата кауза.
 
Шпанија остана неутрална низ текот на војната, но Франко ги поддржуваше неговите фашистички сојузници. Со падот на Хитлер и Мусолини, шпанскиот диктарот останаа политички изолиран и Шпанија во тоа време немаше апсолутно никакви меѓународни односи.
 
Меѓународната заедница беше налутена од штетата, материјална и емоционална, предизвиката од војната и можеше вината да ја насочи само кон тој што е жив. И покрај тоа што Шпанија актино не учествуваше во војната, склоноста на Франко кон неговите колеги и фашистички лидери не остана незабележана, а другите земји беа непопустливи за чување на Шпанија во изолација.

Франко и Сантија Бернабеу

ПРИСВОЈУВАЊЕТО НА РЕАЛ МАДРИД И НЕМИЛОСРДНОСТА КОН БАРСЕЛОНА
 
Копирајќи ги Мусолини и Хитлер, Франко ги виде позитивните ефекти од фудбалот и преку експлоатација на овој спорт се обидел да го сврти позитивното глобално внимание кон Шпанија, а исто така тоа да му помогне да го консолидира своето владеење дома.
 
Тој сакаше да го искористи тој момент како нешто што може да го пренасочи вниманието на луѓето од неговиот режим, кој во почетокот беше нарушен со банкрот и несоодветност. Франко го усвои најголемиот клуб во главниот град, Реал Мадрид за да стане совршена персонификација на неговото фашистичко водство.
 
Остроумно го набљудуваше Реал Мадрид, а на другата страна Барса стана симбол на републиканскиот отпор, против угнетувачкиот режим на Франко и неговото угнетување на каталонската култура. Франко го искористи антагонизмот помеѓу Реал Мадрид и Барселона за негова сопствена предност.
 
Генералот беше суров лидер кој не покажуваше аплутно никаква милост кон тие што му се противат. Помеѓу Барселона и Реал Мадрид не постои само ривалство, тука и директна омраза. Градот Барселона се уште има лузни од безмилосното угнетувањето на режимот на Франко.

Убиството на претседалот на Барселона, Жозеп Сунјол во 1936-та е пример за немилосрдноста што ја покажал во угнетувањето на желбата да се отпеци од Шпанија. Неговата смрт била предизвикана од невнимателност. Тој го имал знамето во погрешен регион и ја помешал националистичката зона со републиканска. Кога на контролен пункт мавташе и извикуваше „Вива ла Република“, луѓето на Франко го убија. Навивачите, менаџментот и играчите се природно обврзани да го мразат клубот кој беше во рацете на таков зајадлив човек.
 
Исто како Хитлер и Мусолини, и Франко не можеше да толелира пораз и ефикасноста и големината на неговиот режим сносува голем удар ако неговиот Реал загуби од Барселона. Приказната за полуфиналето во Generalísimo’s Cup во 1943-та (претходно Кралски куп) е пример за тоа како каталонскиот клуб мораше да се откаже од удобно водство за да ги спасат своите животи.
 
Барселона на првиот дуел имаше водство од 3:0, а пред реваншот во Мадрид ги посетил директорот на државната безбедност. Тој им зборуваше за великодушноста што им ја покажала државата со тоа што им овозможила да бидат дел од земјата и суптилно им се закануваше. Играчите сфатија колку е саат и загубија 11:1.

На навивачите на Барселона не им беше дозволено да носат знамиња на стадион и тој што ќе успееше да внесе веднаш беше апсен. Каталонците беа брутално потиснати од Франко и неговите луѓе до тој степен што не им беше дозволено да го зборуваат својот јазик. Единствено место каде можеа да го прават тоа е фудбалскиот терен, па оттука Барселона стана продолжен и важен дел од неговата националистичка борба.
 
Доаѓањето на телевизијата создаде нови можности за пропаганда на Франко. Фудбалските преноси се вршеа особено кога имаше знаци на потенцијални немири за да се држат луѓето надвор од тоа што навистина се случува. На тв одеа само натпреварите на Реал Мадрид. До почетокот на 80-те, владата го контролираше телевизиското емитување и луѓето низ цела Шпанија беа принудени да го гледаат само Реал.
 
Интересно е да се напомене дека во 40-те, Атлетико Мадрид, кој тогаш се нарекувал Атлетико Авијасион поради нивното спојување со шпанските воздухопловни сили, беа поблиску до режимот на Франко отколку нивните ривали Реал Мадрид. Всушност неколки играчи на клубот беа дел од воздухопловниот кор.
 
 
Продолжува...
5 октомври 2017 - 14:39