Чудесија од гол на Луис Суарез, има 7 гола на четири натпревари по ред

Додека Лионел Меси полека влегува во ритам и влезе од клупата за резерви во 56' минута на средбата Интер Мајами - Колумбус Кру (2:2) уругјваскиот ветеран Луис Суарез постигна магичен погодок, во свој стил од 40-ина метри. Ова беше дури седми гол на „Лучо“ Суарез на четврти натпревар по ред. На 39 години сезонава има 10 гола и 2 асистенции на 14 настапи во МЛС лигата.

На оваа средба играше и новото засилување за Интер Мајами, Бразилецот Каземиро кој си даде автогол.

2 август 2026 - 11:12