Црвена Ѕвезда во 1991 година успеа да го направи тоа што за малку не го стори Партизан во 1966 година. Црвено белите со голот на последниот гол на Дарко Панчев во пенал серијата го совладаа Марсеј во Бари, а 25 години претходно во Брисел, црно-белите загубија со 2:1 Реал Мадрид кој стигна до шестата титула, иако први беа во водство.
Црвена Ѕвезда - Oлимпик Мaрсеј 5:3 (на пенали)
Реал Мадрид - Партизан 2:1
Заедно со Реал Мадрид кој 10 пати стана европски првак, Мадрид два пати во финале го претставуваше и Атлетико, но не успеа да крене трофеј. Во 1974-та загуби од Баерн Минхен 4:0, а во 2014-та загуби од Реал Мадрид по продолженија 4:1.
Баерн Минхен - Атлетико Мадрид 4:0
Иако Англичаните имаат 12 трофеи во ЛШ, само еден отиде во Лондон кога во 2012-та на Алијанц Арена, Челси на пенали беше подобар од Баерн. Во 2006-та Арсенал се соочи со Барселона, но загуби 2:1.
Челси - Баерн 4:3 (на пенали)
Барселона - Арсенал 2:1
Единствен град кој може да се пофали со две екипи кои ја освоиле Лигата на шампионите е Милано. Милан и Интер имаат 16 учества во финалиња од кои Росонерите освоија седум (1963, 1969, 1989, 1990, 1994, 2003 и 2007), а Нероаѕурите три (1964, 1965 и 2010).
Историјата на седумте трофеи на Милан
Интер - Баерн 2:0