На стартот од Лигата на шампионите синоќа проследивме спектакл со трилер завршница во Мадрид што секако е најава за уште една интересна сезона во ова натпреварување.
Група Е
Челси - Јувентус
Шахтјор - Нордсјеланд
А на вториот ден од Лигата на шампионите ќе можеме да проследиме уште еден дуел на титани. Актуелниот шампион на Европа, екипата на Челси ја стартува одбраната на титулата против Јувентус кои се враќаат во Лигата на шампиони со фантастична низа од 42 натпревари без пораз во Серија А.
Во целосна сенка на овој натпревар, на вториот дуел од групата Е, украински Шахтјор се очекува да има лесна задача против дебитантите Нордсјеланд.
Група Ф
Баерн Минхен - Валенсија
Лил - БАТЕ Борисов
Вицешампионот од минатата година, Баерн Минхен е најголем фаворит во групата Ф, а на стартот ќе ги лечи раните од ланското финале против Валенсија.
Минатата сезона Лил испадна од групната фаза без ниту еден освоен поен, а вечерва против БАТЕ имаат шанса за поправање на впечатокот.
Група Г
Барселона - Спартак Москва
Селтик - Бенфика
Унај Емери четири сезони ја предводеше Валенсија и ниту еднаш не успеа да ја совлада Барселона, а вечерва тој се враќа во Шпанија со екипата на Спартак Москва и се очекува да ја продолжи оваа своја неуспешна традиција против каталонците кои се најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампиони оваа година.
По трет пат во последните шест години Селтик и Бенфика се паднаа во иста група, а и покрај тоа што Бенфика е поголем фаворит, Шкотланѓаните се надеваат на повторување на успехот од 2007 и 2008 година кога тие како второпласирани продолжуваа во следната фаза, а Португалците беа елиминирани.
Група Х
Манчестер Јунајтед - Галатасарај
Брага - Клуж
Поучени од грешките со раната елиминација од Базел како и губењето на титулата во домашното првенство, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја стартуваат новата сезона со дополнителна мотивација и желба за освојување на трофеи. Првата пречка е турскиот шампион Галатасарај предводен од искусниот Фатих Терим, но Турците никогаш немаат победено Англичани во европските натпреварувања.
Екипата на Брага пред две сезони стигна до финалето на Лига Европа, а оваа година тие се надеваат дека ќе имаат успех и во Лигата на шампиони. Во првото коло го пречекуваат романски Клуж кој на двата претходни настапи во ЛШ завршуваше на последното место во својата група.