Англија е вековна фудбалска колевка. Ако некаде се почитуваат вредностите и има чест за поранешни клупски играчи и тренери, тоа е во Англија. Така синоќа пред дуелот од полуфиналето на Светско клупско првенство меѓу Челси и Флуминенсе кој заврши 2-0 за тимот од Лондон, луѓе од управата на сините му подариле дрес на нивниот некогашен фудбалер а сега капитен на Флуминенсе, 40-годишниот Тиаго Силва.