Марсијал и Ибрахимовиќ
Последниот случај на тема кој ќе ја земе 9-та беше минатото лето кога во Манчестер Јунајтед пристигна Златан Ибрахимовиќ. Претходната сезона ја носеше Ентони Марсијал, но кога доаѓа Златан малиот мора да ќути и сакал нејќел да му ја предаде, како и што се случи. И покрај тоа што Французинот има една година повеќе стаж на Олд Трафорд, фудбал во сениорска конкуренција игра од 2012-та и тука нема што повеќе да се објаснува. И да, уште ова. 9-та со презимето на Златан во касата на Јунајтед донесе 90 милиони евра.
Кристијано Роналдо и Раул
Седум години претходно, иако веќе имаше освоено Златна топка и Лига на Шампиони, Кристијано Роналдо замина во клуб каде 7-та ја носеше иконата на клубот. И тука се разбира нема простор за цимолење. 12 месеци подоцна Раул го напушти Мадрид, а до тогаш на грбот на Роналдо стоеше бројот 9.
Роналдо и Заморано
Најинтересен и најпрепознатлив случај за оние кои гледаат италијанско пред 15 години беше како да се додели 9-ка на двајца фудбалери кои се класички 9-ки. „Ил Феномено“ пристигна во Италија со реноме кое го створи во ПСВ и Барселона, но во Интер број 9 беше Иван Ѕаморано. Роналдо ја облече 10-та постигна 25 гола во првенство, освои Куп на УЕФА и следната сезона му припадна популарната бројка која обично ја носат најистурените напаѓачи, а тоа е број 9. Чилеанецот најде чаре како да ја победи љубомората и проблемот го реши со дрес на кој му стоеше 1+8. Многу кул потег кој не се заборава. Роналдо беше член и на Милан, но со број 99 како хокеар, бидејќи бројот 9 го носеше Пипо Инѕаги, класика.
Баџо и Дел Пјеро
Е тука навистина човек не знае што е правилно. 10-ка за Роберто Баџо или Алесандро Дел Пјеро? Две икони на италијанскиот фудбал и едни од најдобрите 10-ки во историјата на Серија А. Се играше Мундијалот во Франција 98 на кој Алекс ја имаше честа да ја носи 10-ка, а Баџо облече 18-ка.
Деј Пјеро и Тоти
Легендарниот напаѓач на Јувентус требаше да најде компромис и на следното Светско првенство, ама овој пат со симболот на Рома, Франческо Тоти кој исто така не можеше да го замислиме со друга бројка освен 10-та. На крај Тоти број 10, Дел Пјеро 7. За таа славната 10-ка во кариерата се потеше и Тоти кој на дебито за Рома носеше 16-ка, а потоа облече 20-ка додека неговиот идол Џузепе Џанини ја имаше 10-та.
Де Роси и Мексес
Уште еден фудбалер на Рома беше во борба за бројка која ја сонуваше, а тоа е Даниеле Де Роси кој не ја облече 5-та која бидејќи зафатена од Фелипе Мексес. Почна со 26, па 27 и на крај 16 во стилот на Рој Кин, но во чест на неговата ќерка која се роди на 16-ти.
Веа и Клајверт
Борба за 9-ка кон крајот на 90-те имаа двајца напаѓачи на Милан. Жорж Веа се откажа од 9-ка и му ја даде на Патрик Клајверт кој дојде како големо засилување од Ајакс со кој освои ЛШ, токму против Милан во финале. Но Холанѓанецот не остави белег во Серија А и откако си замина Веа ја прибра 9-ка, која претходно ја замени со 14-ка која потсетува на Јохан Кројф.
Кавани и Лавеци
Од Милано се селиме во Неапол во едно поново време каде задолжени за голови беа Кавани и Лавеци. Аргентинецот се откажа од 7-та која ја носеше во Палермо и облече 22-ка. Уругвајскиот напаѓач пак со бројот 7 стигна до 104 гола на 138 средби за Наполи и продолжи со 7-та и во ПСЖ.