Борац Бањалука казнет со 4.000 долари за руска парола
Откако УЕФА условно ги казни хрватските клубови Осијек и Ријека, словенечка Олимпија Љубљана, грчки Арис од Солун, Астана од Казахстан и уште шест други клубови меѓу кои и Борац Бањалука со можно исфрлање од еврокупови поради неизмирени средства во период подолг од 90 дена, Босанската фудбалска федерација дополнително го казни Борац Бањалука со 4.000 долари поради тоа што на отворање на пролетната полусезона на средбата со Широки Бријег, навивачите извадиле парола „Слава на Русија“ и навредлива парола за Нато на руски јазик.