Барселона со интересно видео најави враќање на „Камп Ноу“
На 28. мај 2023-та година Барса го одигра својот последен дуел во својот дом „Камп Ноу“ кој од тогаш се реновира. Каталонците долго време веќе играат на Олимпискиот стадион „Монжуик“. Сега најавија дека на 10. август ќе се вратат дома, ќе играат повторно на својот стадион но само со ограничен број на гледачи поради градежните работи кои уште подолго ќе потраат на стадионот.