Тоа што потпретседателот на клубот, Хавиер Фауст го објаснуваше минатата недела, тренерот Тито Виланова го демонстрираше и на теренот.
Една од главните компоненти на нивниот успех е фудбалската академија, а на натпреварот против Леванте тие максимално ги искористија продуктите од Ла Масиа.
Во 13-та минута од натпреварот се повреди Алвес, а на негово место влезе Монтоја. Овој момент стана историски за Барселона затоа што за прв пат на теренот играа 11 фудбалери од нивната академија.
До 75-та минута на теренот играа: Валдес, Монтоја, Пике, Пујол, Алба, Иниеста, Чави, Бускетс, Фабрегас, Меси и Педро. Од нив само тројца не се Каталонци (Меси е од Аргентина, Иниеста од Албасете, а Педро од Канарските Острови), но сите израснале и ги научиле нивните фудбалски вештини во Ла Масиа.