Барди не застанува со голчишта во Шпанија, Леванте го поздравува со овации

Со игрите на подготвителните натпревари за новата сезона, македонскиот репрезентативец, Енис Барди се повеќе го оправдува трансферот во шпанскиот прволигаш Леванте. Нека му ја мислат голманите во Ла Лига кога ќе се мести на слободен.

Кога Барди ќе постигне гол, тоа мора да биде нешто посебно за гледање, па така беше и на синоќешниот пријателски дуел против Виљареал. Гостите славеа со 1:3, но најубавиот гол на средбата го постигна токму Барди.
 
За него ова е гол број 3 во контролните натпревари пред новата сезона. Прво стрелаше против Ла Нусија, потоа против Кадиз од слободен удар, а вчера се издвои со нова мајсторија исто така од слободен.
 
22 годишниот Енис Барди кој летово направи трансфер од Ујпешт во Леванте е иднината на македонскиот фудбал и сите со душа чекаме да почне шпанското првенство за да го гледаме во една од најдобрите 5 лиги во светот.
 
На ЕП У-21 во Полска тој постигна два гола од кои едниот мајсторски против Португалија, а беше избран и во најдобриот тим на првенството во друштво на Асенсио од Реал Мадрид.
 
Во првото коло Леванте на 21 август игра токму против Виљареал.
 
Голчиштето на Барди кој го принуди голманот да влезе во мрежа

Мало шоу во шеснаесетник
Шанса за уште еден гол
Испратен со аплаузи и овации
31 јули 2017 - 10:37