Додека ги одбројуваме часовите, минутите и секундите до стартот на натпреварот, прочитајте неколку информации за големото финале.
- Баерн Минхен е четвртиот клуб кој во финалето на Лигата на шампиони ќе игра на својот стадион. Во минатото оваа се покажа како голема предност за Реал Мадрид во 1957-та и Интер во 1965-та, но не и за Рома во 1984-та година.
- Европската историја на Баерн Минхен е многу побогата од онаа на Челси. Екипата на Баерн има освоено четири титули и девет пати се натпреварувала во финалето, а Челси им две финалиња и нула титули.
- Ниту Баерн ниту Челси не ја освоија титулата од своето домашно првенство, нешто што им се случи и на Милан и Ливерпул во 2007-та година. Челси ја заврши сезоната на шестата позиција, што е најлош скор на еден финалист. Претходно Реал Мадирд во 2000-та и Ливерпул во 2005-та го држеа рекордот откако завршуваа на петтата позиција во своите лиги.
- Во последните седум финалиња секогаш игра по една екипа од Англија или Германија. Ова ќе биде второ финале за двете екипи во последните пет години. Челси загуби на пенали од Манчестер Јунајтед во 2008-та, а Баерн Минхен беше поразен од Интер во 2010-та година.
- Рекордни седум фудбалери се суспендирани и нема да настапат на финалето. Капитенот Џон Тери, Рамирес, Раул Меирелеш и Бранислав Ивановиќ кај Челси и Холгрт Бадштубер, Давид Алаба и Луис Густаво кај Баерн Минхен.