Долги години екипите се борат против традицијата на Лигата на шампиони, но никако да ја победат.
Од трансформацијата на Купот на европските шампиони во Лигата на шампиони во 1992-та година, најелитното европско клупско натпреварување има лоша традиција за актуелните освојувачи. Проклетството ги следи шампионите кои ниту еднаш не си ја одбраниле титулата.
Ако ја следиме оваа традиција, оваа година Баерн Минхен колку и да е силен, нема повторно да биде европски шампиони.
Втората традиција ги следи екипите кои ќе ја елиминираат Барселона. Последните четири екипи кои го елиминирале каталонскиот гигант, ја освојуваат Лигата на шампиони.
Во 2008-та година тоа им успеа на Манчестер Јунајтед, а потоа истото го сторија Интер, Челси и Баерн Минхен.
Синоќа Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона, па ако ја следиме и оваа традиција, тоа значи дека четата на Диего Симеоне оваа година ќе застане на европскиот трон.