
Првото Светско фудбалско првенство се одиграло во 1930-та година во Уругвај, а во главниот град Монтевидео во финалето домаќините со 4:2 ги победија нивните соседи за подигнување на првиот трофеј на инаугурацијата на Мундијалите.
Следните 3 првенства ќе се одржат во Бразил, Русија и Катар, а домаќинот на првенството во 2026-та се уште не е одлучен, но ФИФА веќе размислува за како да ја одбележи 100-годишнината од првото Светско првенство.
„ФИФА сака да ја одбележи 100-годишнината во Аргентина и Уругвај. Двете федерации веќе имаат потпишано договор", изјави претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Жулио Грондона, кој воедно е и потпретседател на ФИФА.
Уругвај веќе долго време има желба да биде домаќин на Светско првенство, но не располага со неопходната инфраструктура па оваа земја би можела да го организира ова првенство со помош на соседите по примерот на Кореја и Јапонија во 2002-та година.