Седум од седум е учинокот на шпанските претставници во Лига на шампиони и Лига Европа кога е во прашање минувањето на првата фаза. Успех со кој не може да се пофали ниту една друга лига.
Од Германија, Англија и Италија понатаму отидоа по 5 екипи, но никој како Шпанија која со ваков начин на доминација нема кој да им го одземе лидерското место на бодовното рангирање.
Завршниците во двете натпреварувања редовно се резервирани за шпанските екипи. 2013-та и 2015-та беше година во ЛШ за Реал и тоа на два пати во финале играа со Атлетико, а 2014-та за Барса. Во ЛЕ владетел е Севиља кој ја освојуваше во тие три години.
Патот на седумте шпански претставници до втора фаза
Барселона беше дел од групата Ц каде во друштво на Манчестер Сити, Борусија Менхенгладбах и Селтик заврши прва на табелата и тоа по рекорден 10-ти пат по ред. Остварија 5 победи и 1 пораз со доминантна гол разлика 20:4.
Лидер во својата група е и Атлетико Мадрид со ист скор како Барса, но со скромна гол разлика 7:2, доволна за 15 бода остварени на 6 средби. Тимот на Симеоне заврши пред еден Баерн Минхен, а другите две екипи се Ростов и ПСВ.
Реал Мадрид ја заврши групната фаза без пораз и оствари 3 победи и 3 нерешени со гол разлика 16:10. Пред нив е Борусија Дортмунд кој има два бода повеќе, а под нив Легија и Спортинг.
Во осминафинале во ЛШ е и тимот на Севиља кои во изминатите три сезони во Лига Европа го крена пехарот. Со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз одиграа тврдо на голови со 7:3, скоро идентично како Атлетико. Прв во таа група е Јуве, а под нив завршија Лион и Динамо Загреб.
Еден од трите шпански претставници во ЛЕ е Атлетик Билбао кој со 3 победи, 1 реми и 2 порази оствари 10 бода за второ место. Конкуренција им беше лидерот Генк, како и Рапид Виена и Сасуоло.
Втората позиција ја освои и Селта и тоа со само 2 победи, но загуби само еднаш и има 3 нерешени. Ајакс во таа група е на врвот, а испаднаа Стандард и Панатионаикос.
И третиот шпански тим оди во следна фаза во Лига Европа со идентичен скор како Селта, а тоа е Виљареал кој заврши со бод помалку од Османлиспор. Другите две екипи во таа конкуренција беа Цирих и Стеауа Букурешт.