Ако Ди Марија по утро се познава, за Аргентина нема зима

Врвниот крилен напаѓач се врати од повреда, влегол во добар ритам а сега покажа и дека е комплетно спремен за Светско првенство. Аргентинците на последната генералка пред Мундијалот, со 0-5 го совладаа ОАЕ. Ди Марија даде два гола од кои едниот му беше од страшен волеј. По гол дадоа уште и Хулиан Алварез, Меси и Хоакин Кореа.

17 ноември 2022 - 09:55