95 вооружени навивачи се спремале за тепање во Париз

Навивачите допатувале без карти, а француската полиција ги уапси под сомнение дека допатувале од Холандија за да создаваат нереди.

Во пресрет на вечерашниот натпревар од 5-то коло од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Ајакс, полицијата уапсила 95 холандски навивачи од кои 54 биле задржани во притвор, а 41 биле пуштени на слобода.

Тие носеле со себе шипки, боксирачи и фантомки и немале право да отпатуваат на гостувањето во Париз, а полициската акција се случила во бар околу полноќ. Одобрување за да присуствуваат на „Паркот на Принцовите“ добиле 850 фанови на Ајакс на кои им следувале карти.

Холандските и француските навивачи и претходно и отворале многу работа на полицијата која претпоставува дека имале договорена тепачка пред стартот на вечерашниот меч. Тоа се случи пред и по завршувањето на мечот од Лига Европа меѓу ПСЖ и Твенте одигран во 2008 година.

Пресметката меѓу ПСЖ и Ајакс од групата Ф од ЛШ, е прогласена за натпревар од многу висок ризик, а само околу стадионот ќе има околу 2.000 полицајци.

Судирот меѓу полицијата и навивачите на ПСЖ за време на прославата на титулата во првенството во мај 2013 година.

25 ноември 2014 - 15:51