На 22 октомври 1899-та година, поранешниот капитен на швајцарскиот Базел и основач на фудбалскиот клуб Цирих, објавил оглас во шпанскиот весник Los Deportes со кој ги повикал сите вљубеници во фудбалот да му се приклучат кон идејата за формирање на клуб. На 29 ноември се одржал првиот состанок на кој присуствувале 11 фудбалери и овој состанок резултирал со раѓањето на клуб со име Foot-Ball Club Barcelona.
Клубот набргу станал симбол на каталонската култура и каталонците под мотото „Més que un club" (повеќе од клуб) и е финансиран и управуван од навивачите. Уште во 1922-та година имал над 20.000 членови кои го финансирале новиот стадион Лес Кортс. Тоа бил дом на Барселона се до 1957-та година кога клубот се сели на легендарниот Ноу Камп.
Во 1902-та година Барселона го освојува првиот трофеј, а од тогаш има освоено 21 титули во Ла Лига, 26 пати има триумфирано во шпанскиот куп, 10 пати во Суперкупот, по 4 трофеи има во Лигата на шампиони, УЕФА купот и европскиот Супер куп и 2 пати го има освоено Светското клупско првенство.