Преправале стихови за филмот „Малата сирена“

„Луѓето се станати многу чувствителни“ вели авторот Алан Менкен за оригиналните стихови. Ги смениле заради „согласноста“. Сега ќе видиме.

Дури две песни имаат нови стихови во новиот филм каде што Хали Бејли ја глуми Ариел. Генијалниот Алан Менкен кој стои зад многу од најпопуларните песни на Дизни, со помош на Лин-Мануел Миранда направил измени во текстот на „Kiss the Girl“, а и во „Poor Unfortunate Souls“ што ја пее вештерката Урсула.

За првата ќе мора да почекаме до следниот месец да видиме, а во втората е променет текстот што одеше вака:

“The men up there don’t like a lot of blabber, they think a girl who gossips is a bore. Yet on land, it’s much preferred for ladies not to say a word.”

(Мажите горе не сакаат многу да дрдориш,
мислат дека девојка што озборува е жива досада.
А на копно повеќе сакаат дамите да не кажуваат ни збор)

И за ова, Менкен објаснува:

„Нешто изменивме во Poor Unfortunate Souls, во однос на стиховите што може да ги натераат младите девојчиња да мислат дека не смеат да зборуваат ако не им се обратат, иако е јасно дека Урсула манипулира со Ариел за да ѝ го предаде гласот.“

Филмот излегува на 26 мај.

9 април 2023 - 22:39