- Неколку дена откако е сменет од својата позиција приведен е поранешниот потпретседател на владата задолжен за енергетика, Жумбај Карагаев.
- Апсењето на Карагаев е заради неговата „вмешаност во неоправданото поскапување на течниот гас во округот Мангистау“ каде и започнаа немирите и обидот за соборување на власта во земјата.
- Со одлука на владата се отпуштени и двајца зетовци на Нурсултан Назарбаев за две негови ќерки. Едниот од нив, оженет за најстарата ќерка, Каират Шарипбаев, беше ЦЕО на државниот гасовод, КазакГас. Вториот, оженет со најмладата ќерка на Назарбаев, Димаш Досанов, беше ЦЕО на државниот нафтовод КазТрансОил. Двете компании се клучни во енергетскиот сектор на земјата.
- Претседателот на Израел, Исак Херцог, најави дека ќе му го довери мандатот за формирање нова коалициска влада на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот.
- Ни неговата (48 пратеници) ни партијата на Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници (53 пратеници) имаат доволно за влада но Херцог се решил на ваков потег откако лидерите на арапските партии најавиле дека поддршка би му дале на Ајзенкот.
- Досега сите израелски влади биле коалициони. Сегашниот распоред на силите се должи на рекордната излезност на арапските гласачи кои обезбедија 19 пратенички места.
- Ајзенкот е поранешен началник на армискиот Генералштаб и нема да му е лесно да создаде мнозинство со оглед на тоа што сите освен една еврејска партија, пред изборите се обврзаа дека нема да соработуваат со арапските коалиции за формирање влада.
- Четири жени и двајца мажи се мртви, најмалку 16 лица ранети (петмина странски државјани) а 12 од повредените се во критична или сериозна состојба.
- Тоа е моменталниот биланс од вчерашното рандом пукање во Краков од автомобил во движење кое го извел Пољак од дваесетина и нешто години пред да биде совладан од полицијата.
- Три дополнителни тела подоцна се најдени во куќата на осомничениот, се верува дека тоа се членови на неговото семејство, обелодени премиерот Доналд Туск.
- Мотивот на крвавиот пир сè уште е непознат а првичните сознанија упатуваат дека убиецот имал „многу радикални ставови.“
- Неговиот обид за бегство заврши со судар и размена на оган со полицајците. Еден од нив, и самиот ранет, го пука од блиску но во моментов не е јавено дека идиотот е мртов.