- Луси Летби е медицинска сестра на неонатологија (оддел специјализиран за критични или предвремено родени новороденчиња) која во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 убива 7 новороденчиња, и се обидува да убие уште 6 други, кои првите мигови од својот живот ги минуваат на одделот за неонатална интензивна нега во британската болница Каунтес оф Честер.
- Дел од предвремено родените новороденчиња ги убива со тоа што им вбризгува повеќе воздух, на некои со сила им дава повеќе млеко, а две се отруени со инсулин.
- Таа е обвинета дека се обидува да убие уште 6 други бебиња кои лежеле на неонатална грижа, но не успева.
- Летби е осудена на доживотен затвор без можност за помилување.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.
- Непознати хакери ја пробиле главната платформа Cloud One на американските Воздухопловни сили и загрозиле огромен број чувствителни тактички, логистички и персонални податоци.
- Нападот откриен во октомври при надградба на системот. Не е познато дали се украдени податоци.
- Инсталиран во 2017 година, Cloud One служи како едношалтерски центар за ИТ потребите на воздухопловните сили. Во него се комбинирани ресурси на четири оператори - Microsoft, Amazon, Oracle и Alphabet - за поддршка на апликации што управуваат со податоци за персоналот, логистиката и одржувањето.
- Меѓу нив се и системот што прима податоци од радари за противвоздушна одбрана на територијата на цела Северна Америка и системот кој ја следи состојбата на муницијата низ повеќе од 200 локации на воздухопловните сили на САД низ целиот свет.
- Во изминатиот месец беа откриени најмалку шест кибернетски напади и хакерски упади во ФБИ, Пентагон, НСА и министерствата за внатрешна безбедност и за финансии.