- Веројатно не постои ниеден општествен, политички, културен па ни приватен табу во кој Ведрана Рудан се нема залетано како разгневен багер.
- Бавејќи се со табуата, таа врши неколку необично корисни општествени работи. Зборува за она за што се премолчува. Ги крши консензуалните општествени тишини, но не секогаш за да каже нешто што би изгледало етички, интелектуално или барем емоционално исправно. Таа едноставно ќе се разлае, гневно, лудо, брилијантно, како раните панкери, а после другите нека зборуваат мирно и разложно, ако знаат. Меѓутоа, обично не знаат. Или се само кукавици.
- Загреб не е логор само затоа што полицијата на Независната држава Томпсон, како што ја нарекува Рудан, ги затвори граѓаните во нивните новозагрепски станови, лишувајќи ги од нивните граѓански слободи. Загреб е логор затоа што Пленковиќ, Божиновиќ и Јандроковиќ упорно тврдат дека ништо се нема случено и дека тоа биле „само три збора во песна“. Секакви работи, Пленковиќу, собира во три збора. И „Пичка ти материна“ и „Срби на врби“.
- “Логорот Загреб” се оние два збора со кои книжевноста одговара на трите збора на Пленковиќ. Фала ѝ на Ведрана Рудан, големата хрватска писателка.