- Германскиот оператор објави дека протокот на руски гас преку гасоводот Јамал-Европа е целосно стопиран, но и дека рускиот гас кон Европа продолжува да тече низ двата други гасоводи.
- Гасоводот не се користи и покрај тоа што Газпром претходно резервираше проток низ него за вторник вечер и среда.
- Западот и Русија моментално се натегаат околу новото барање на Москва сите испораки на природен гас кон Европа да бидат платени во рубљи. Ова беше одбиено од Западот, а Москва порача дека за безпари нема да испорачува гас.
- Професорката Христина Манческа писмено го известила директорот на гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп дека поднесува отказ „поради тоа што има екстремно некоректно оценување на некои коишто воопшто ништо не учат (буквално уста не отвораат) а се бара преодна оценка“.
- Двајца ученици кои поправниот по хемија не го положиле во јуни, требало да полагаат во август. Во меѓувреме Манческа им закажувала дополнителна настава.
- „Од сите закажани термини се појавија само еднаш и сами не знаеја за што се дојдени и се брзаа да си одат бидејќи ќе немало превоз. На испитот и покрај желбата да положат учениците не знаеја ништо ни реченица да кажат а не па да напишат равенка или формула“.
- Друга професорка од комисијата им пишала двојки, очекувале Манческа да го потпише тоа. Притискал и директорот со „аргументот“: „на колку ученици без да знаат му сме пишале двојки“.
- И дека заради кецовите немаат ученици.
- „Си го напишав отказот затоа што сметам дека образованието е паднато на дното. И дека не е проблемот во учениците туку во професорите и претпоставените лица што наредуваат да мора да се пишат оценки а најповеќе ургенциите од родителите“, ја цитира во својата колумна пензионираниот Виш државен просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски.
- Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- За само три дена (од 18-ти до 20-ти август 2006) странски возачи направиле 5.514 сообраќајни прекршоци.
- За нив е активирана апликација (safecountry.mvr.gov.mk), преку која ќе можат едноставно и директно да добијат информации за нивните сообраќајни прекршоци евидентирани од системот, да имаат увид во издадените налози за плаќање казни и да ги платат електронски.