- Француската финансиска полиција извршила претреси во париската филијала на швајцарската банка „Едмонд де Ротшилд“, како дел од пошироката истрага поврзана со објавените документи од досието за Џефри Епстин.
- Се истражуваат сомневања дека поранешниот француски дипломат Фабрис Ејдан во периодот пред 2019 година му предал на Епстин доверливи материјали од ОН. Името на Ејдан се појавило во повеќе од 200 документи од досието.
- Во документите се спомнува и Аријана де Ротшилд, директорката на швајцарската банка и наследничка на семејното богатство од 236 милијарди долари, која му била деловен партнер на Епстин во периодот од 2013 до 2019 година и се сретнала со него повеќе од десет пати.
- Во 2015 година холдингот на семејството Ротшилд склучило договор со компанија на Епстин во вредност од 25 милиони долари за „анализа на ризик“ и за „аплицирање алгоритми“.
- Презимето Ротшилд наводно се спомнува во досиејата Епстин речиси 12.000 пати.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.