- Американскиот претседател Џо Бајден откри дека тој ќе ја држи посмртната реч за поранешниот претседател Џими Картер.
- Му текна дека човекот уште е жив па рече: „Не требаше да го кажам ова“.
- 98 годишниот Џими Картер е најдолговечниот претстедател на САД и подолго време престојува во болница во Џорџија поради серија здравствени проблеми а според Бајден, самиот побарал тој да му ја држи еулогијата.
- Ама, не требало да го каже тоа.
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.