Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- сол и бибер
- три лажици маслиново масло
- 2 чешниња лук, ситно сецкани
- 2 тиквици, излупени и исечени на тенки парчиња
- 4 парчиња пилешки гради
- 350 гр. фетучини
- 1 лажица брашно
- 200 мл. ладно млеко
- 100 мл. хопла
- 150 гр. рендан пармезан
- 5 лажици ситно сецкан свеж магдонос
Подготовка
Сварете ги фетучините во поголемо тенџере со вода според упатството на ќесата. Кога ќе се сварат процедете ги и оставете ги во тенџерето.
Додека се варат тестенините загрејте една лажица маслиново масло во тава на среден оган. Пропржете едно чешне лук, околу 1 минута, додека да омекне. Додадете ги тиквиците и гответе ги со мешање 10 минути. Потоа префрлете ги во еден сад.
Повторно загрејте една лажица масло во тава на среден оган. Пржете ги пилешките гради, исечени на тенки ленти и зачинети со сол и бибер, по 5 минути од секоја страна. Потоа префрлете ги во чинија.
Измешајте една лажица брашно во ладно млеко. Додадете го преостанатото чешне лук во тава со лажица масло и пржете го на среден оган 1 минута. Потоа додадете ја смесата со млеко и брашно и мешајте додека да зоврие. Додадете ја хоплата, 1/2 лажичка сол и ренданиот кашкавал и добро измешајте. Гответе го сосот упте една минута па тргнете го оган.
Измешајте ги во сад за сервирање пилешкото, тиквиците и тестенините. Додадете сецкан магдонос и прелијте ги со сосот. Добро промешајте и послужете ги веднаш.