Не се само Србите „видовити“ кладилничари. И ние имаме махери. Би било убаво некогаш на некој да му текне да ни испрати вакво ливче пред да почне натпреварот.
Поразот на Црвена Звезда од 3:0 на гостувањето кај Спартак Суботица беше огромно изненадување за сите, освен за овој кладилничар од Србија. Махерот ги погодил точните резултати на овој натпревар, како и на победата на Партизан над Јавор. Штета што уплатил само минимални 20 динари и со коефициент од 990 заработил 19.800 динари.
Нашите читатели ни испратија две ливчиња од кладилница. Едниот е мајстор за кладење со фатени 10 натпревари од Лига Европа, а другиот е малер што го зафркнала само една. Имате ли и вие некое ливче да се пофалите или да се пожалите?
Фудбалерот Андреа Масиело заработи условна затворска казна од 22 месеци откако призна дека во 2010-та година си постигна автогол на натпреварот помеѓу Бари и Лече.
Кога Рајан Таниклиф имал само девет години, татко му се обложил на 100 фунти дека еден ден неговиот син ќе заигра за Манчестер Јунајтед. Сонот на двајцата им се оствари. Рајан дебитираше против Њукасл, а татко му доби 10.000 фунти.
Откако викендов екипата на Локомотив Пловдив претрпе шокантен пораз од Ботев Враца (коефициентот во кладилница беше 15), газдата на клубот ќе ги прати сите фудбалери и тренерот на детектор за лага.
Хрватските медиуми ги обвинија репрезентативците на Србија дека намерно го загубиле хокеј натпреварот против аматерите од Мексико во рамките на квалификациите за Олимписки игри и заработиле во кладилница.
Европскиот шампион од сезоната 2010/11 е фаворит на кладилниците за освојување на титулата во Лигата на шампиони, а нивниот коефициент уште повеќе се намали откако беа извлечени групите и Барселона доби многу полесни противници од вториот фаворит Реал Мадрид.
Романците се обидоа, но не успеаја да го соборат нашиот рекорден резултат од 134:1. Третолигашот Берцени во романскиот куп го победи второлигашот Буфтеа со 31:0!
Барем така тврдат кладилниците. Според коефициентите за шампион во Италија, актуелниот освојувач на Скудетото, екипата на Јувентус е најголем фаворит за одбрана на титулата.
УЕФА под многу сомнителни околности го испрати репрезентативецот на Малта, Кевин Самут во пензија, односно му изрече суспензија од 10 години заради местење на квалификацискиот натпревар Европското првенство на неговата репрезентација против Норвешка.
Викендов започнуваат возбудувањата во шпанската Примера каде борба за титулата повторно ќе водат само два тима, но според кладилниците, Реал Мадрид е благ фаворит во борбата со Барселона и тимот на Мурињо ќе си го задржи шампионскиот трофеј.
Откако минатата сезона во драматичен финиш екипата на Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата, кладилниците сметаат дека и оваа сезона тие се најголеми фаворити за да си го одбранат трофејот.
Поранешниот прв човек на секторот за безбедност во ФИФА, Крис Итон тврди дека сомнителни натпревари се играат и на големи фудбалски натпреварувања. Под истрага е натпреварот помеѓу Грција и Нигерија од Светското првенство во Јужна Африка.
Една од омилените опклади на кладилничарите беше погодувањето на човекот кој ќе го запали олимпискиот оган, но организаторите успеаја да го изненадат цел свет. Сепак неколку кладилници испаднаа фер и најавија дека ќе им ги вратат парите на сите кои вложиле на оваа опклада.
И додека сите нормални луѓе се кладат на Болт, Фелпс и дрим-тимот, некои кладилничари сакаат своите пари да ги вложат на малку чудни опклади, а британските кладилници се тука да ви понудат се што би посакале.
Фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон ќе биде еден од поинтересните во олимписката историја, а според кладилниците, репрезентацијата на Бразил е главен фаворит за освојување на златниот медал.
Полупрофесионалците од Северна Ирска немаа победа во европско натпреварување цели 38 години, се додека не се паднаа со македонски клуб. Задоволни лица на сите страни. Некој се пласираше во следната фаза, а некој си фати во кладилница.
Веднаш штом Робин ван Перси објави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, кладилниците ги објавија своите коефициенти според кои најголеми се шансите тој да ги следи стапките на повеќе свои колеги и да се пресели во Манчестер Сити.
Пред почетокот на Европското првенство, репрезентациите на Германија и Шпанија беа прогласени за најголеми фаворити според кладилниците, а и покрај одличното издание на Италија во полуфиналето, Шпанците останаа фаворити и за финалето.
Пред почетокот на Европското првенство, кладилниците им даваа најголеми шанси на Германија и Шпанија, но по прикажаната игра по групната фаза, сега Германија се издвои како најголем фаворите за освојување на титулата.