Манчестер Јунајтед го совлада Њукасл со 2:1 во рамките на англискиот куп, а 77-та минута од натпреварот засекогаше ќе ја паметат 19 годишниот Рајан Таниклиф и неговиот татко.
Рајан бил забележан од скаутите на Манчестер Јунајтед кога тој имал девет години и од тогаш тој е член на младинската академија. Неговиот татко верувал во својот син и веднаш ја посетил локалната кладилница каде сакал да вложи пари на тоа дека еден ден неговиот син ќе игра во првиот тим на Манчестерт Јунајтед.
Од кладилницата му понудиле коефициент 100 и тој вложил 100 фунти.
По десет години нивниот сон се исполни. Рајан влезе во игра во 77-та минута од натпреварот, а неговиот татко кој синоќа беше еден од 46.358 гледачи на Олд Трафорд, имаше две причини за славје. Неговиот син заигра за Манчестер Јунајтед и тој заработи 10.000 фунти.