Исто како неколку години наназад и оваа сезона во Шпанија се очекува целото внимание да биде насочено кон Реал Мадрид и Барселона. Тие повторно ќе водат мртва трка за титулата, но мадриѓаните на својата клупа го имаат Жозе Мурињо, а на спротивната страна е неискусниот Тито Виланова.
Токму затоа кладилниците сметаат дека поголеми се шансите за шампионскиот трофеј да остане во Мадрид отколку да се пресели во Барселона. Реал Мадрид ја нема одбрането титулата уште од 2008-та година, па оваа сезона тие се фаворити и кладилниците за нивната шампионска титула нудат коефициент 1,8.
Коефициентот на Барселона е 2,1.
Никој не се ни надева дека некој би можел да се вмеша во борбата помеѓу Реал и Барса, па најблиску до нив е Атлетико Мадрид со коефициент 51.
Валенсија е последниот тим освен Реал Мадрид и Барселона кој ја освои титулата во Шпанија во 2004-та година, а оваа сезона коефициентот за нив е 67.
Следат Малага и Севиља со 101 и Атлетик Билбао со коефициент 151.
Најмали шанси за освојување на титулата во Шпанија имаат Сарагоса, Гранада и Рајо Ваљекано со коефициент 2001 и Ваљадолид со коефициент 2501.