Екипата на Буфтеа минатата сезона избори пласман во втората лига на Романија, но во текот на летото се соочи со финансиски проблеми и скоро сите фудбалери го напуштиле тимот и клупските бои останале да ги бранат 16-18 годишни играчи од младинскиот тим.
Тоа е оправдувањето на челниците на второлигашот Буфтеа за неверојатниот пораз од 31:0 на гостувањето кај третолигашот Берцени во рамките на романскиот куп. Резултатот на полувреме бил 12:0.
Друго логично објаснување за овој резултат е коефициентот во кладилница за победа на домаќините кој изнесувал 2,45 а натпреварот бил и во понудата за кладење во живо.
Кога ќе слушнеме за ваков резултат веднаш помислуваме на Џаро и неговата местенка за Гинисовата книга на рекорди од 1979-та година. Во борба за пласман во повисок ранг од охридската регионална лига, Илинден 903 ја победи екипата на Младост од Вапила со 134:1, а Дебарца од Белчишта победи на гостувањето кај Градинар со 0:88.