Интернет

Британија ќе ти бара селфи пред да си пуштиш порно

Не за ти да се погледнеш самиот на што личиш, туку за да се спречи деца да сурфаат порно на интернет, Британија размислува да воведе системи за „фацијално препознавање на возраст“ кои преку фотографија од вашето лице ќе одлучат дали да ви ја отворат порно страната или не.

ЧетГПТ може да стане асистент за масовен надзор

Компанија на која Мета ѝ банираше илјадници сметки, неодамна демонстрираше како ВИ може да се користи за мониторирање на расположението на мрежите. На пример, најавени се демонстрации. Се скенираат мрежите, податоците му се даваат на ЧетГПТ и тој ти кажува до каде ќе оди кавгата, дали ќе се прелее на улици и дали ќе треба да се вика полиција. 

ЕУ пак би да ве шпионира на интернет

Новиот закон за електронска идентификација и автентикација што ЕУ сака да го донесе доаѓа со член кој предвидува дека издавачите на сертификати за енкрипција треба да соработуваат со владите и да им дозволат да го шпионираат енкриптираниот интернет сообраќај.

Инфлуенсерката што за 7 дена направи продажба од 13,7 милиони долари

Користејќи ја опцијата за директен пренос на Доујин (кинескиот Тикток) корисничката Женг Шијангшијанг успева да продаде 10 милиони примероци од најразлични производи што ги промовира на своите преноси во вредност од над 13,7 милиони долари. И сето тоа изгледа многу поневеројатно отколку што звучи.

Ај во 10 евра дека нема да ви се плаќа за Фејсбук и Инстаграм?

Иако по Фејсбук се ширеше еден глуп текст за неприфаќање на претплата на платформите на Мета, веста, односно заканата за 10/13 евра месечно беше реална. Засега нема да се оствари ни во ЕУ, не па кај нас (папокот на светот!), ама барем дознавме колку кошта „бесплатниот ручек“. Тој и натаму ќе го плаќаме со личните податоци и дозволувањето Фејсбук снајперски да нè гаѓа со реклами.     

Барајте дебата, не цензура

Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења. 

„Твитерот“ на Закерберг блокира пребарувања за ковид

Копијата на Икс (Твитер) на гигантот Мета блокира да се интересирате за ковид, но и за ред други „непријатни“ теми. Ќе пуштеле резултати за пребарувањата кога ќе биле сигурни дека тие ќе бидат  „квалитетни.“ Надвор од темата: пишурија беше да се следи како на Threads итно се натопорија локалните квази- прогресивци, среќни што си нашле место далеку од лошиот Маск.  

На Твитер веќе нема да има „ме блокнал“

Опцијата за блокирање корисници на Твитер ќе биде укината од социјалната мрежа, бидејќи, како што објасни Илон Маск, таа нема многу логика.

Белата куќа како уредник на Фејсбук 2

Давајќи си на себе алиби дека работат на зголемување на стапката на вакцинирани против ковид, функционери на Белата куќа вршеле притисок врз Фејсбук да добијат специјален пристап до алатки со кои располага компанијата, дополнително обвинувајќи ја дека не споделува доволно содржини со владата.

Белата куќа како уредник на Фејсбук

Советници од Белата куќа извршиле директен притисок врз Фејсбук да цензурира содржини кои не им биле по мерак, покажуваат документи објавени од американскиот Конгрес.

Доброволни даватели на идентитет

Ако мислите дека троловите кои трујат за политика ( кои погрешно ги нарекуваме ботови) се најлоши, веројатно не сте патувале или не сте купувале онлајн. Бидејќи е време за патување и летни одмори, нормално е да ги читате искуствата на другите кои престојувале таму каде што планирате да одите.

Тредс издиша за само една недела

Новата социјална мрежа на Марк Закерберг изгуби повеќе од половина од дневните активни корисници само една недела откако беше пуштена за користење.

ЕУтаназија на слободата на говорот

За неполни два месеца, стапува на сила законот по кој прво големите интернет платформи а подоцна и помалите, ќе треба да отстрануваат содржини кои ќе се оценат за непожелни во „цветната градина“, како што ЕУ ја опиша Жозеп Борел. Европската Унија некако мисли дека ќе ја победи авторитарна Русија и комунистичка Кина ако стане поавторитарна и покомунистичка од нив.

ЕУ ќе гаси социјални мрежи кога народ ќе се крене против нив

Ако за време на немири во Унијата социјални мрежи не ги испочитуваат барањата од властите за бришење на за нив спорни содржини, тогаш истите овие власти ќе можат целосно да ги изгасат социјалните мрежи.

Гугл е крал на џанк-рекламирањето

Како што постои џанк-фуд, така постои и џанк-рекламирање, кога парите на клиентите одат лапни-голтни, на сајтови чија содржина автоматски е генерирана или од вештачка интелигенција или од слабо платени амали во тн „контент фарми.“ Само за една година, на тој начин во ветер отишле 13 милијарди долари. Ама на некои клиенти тоа јако им звучи, „се рекламираме преку Гугл“.

Инстаграм е најуспешна мрежа за поврзување педофили

Социјалната мрежа во сопственост на Мета помага да се поврзе и промовира обемна мрежа на профили кои се отворено посветени на нарачување и купување на содржини со малолетнички секс, покажала заедничката истрага на Вол стрит журнал, Станфорд и Масачусетс универзитетите.

Атлантик го прогласи Твитер за социјална мрежа на крајната десница

Ако во времето на претходните сопственици Твитер беше пекол, по доаѓањето на Илон Маск во овие неколку месеци тој се претвора во платформа која не може да се разликува од „пустелијата на алтернативните социјални мрежи како Трут соушал и Парлер. Тој сега е десничарска социјална мрежа,“ се порачува во текстот на Атлантик.

Гугл манипулира со пребарувањата во корист на Демократите

Додека фокусот на јавноста беше ставен на цензурата и квази-либералната пристрасност на Твитер и Фејсбук, најголемиот, Гугл, добиваше слободен пас. Но, гигантот цело време си работи а сега е тргнат по децата, предупредува истражувачки психолог, калифорниски демократ со докторат од Харвард. 

Кинескиот интернет има преку 66.000 правила

Цензурата на интернет содржините во Кина е одамна позната работа но извештај на една канадска група за сајбер безбедност го квантифицираше тоа па откри преку 66.000 правила за тоа кои содржините се достапни и од кои извори, за оние што таму користат пребарувачи.

Фејсбук рекламите одраа куп клиенти

Многу адвертајзери на Фејсбук/Мета во неделата се разбудија шокирани, откако видоа колку пари потрошиле на платформата, далеку над лимитите кои ги имаат поставено. Катастрофален баг во системот за реклами, ничим изазван, им сркнал големи пари. А системот баш го менуваа, „за да ја зголемат довербата“.

Маск трола најјако

Откако канадскиот државен бродкастер реши да протестира против етикетата дека се медиум финансиран од државата, газдата на платформата реши да ја прифати нивната сугестија и да ја уточни етикетата.

Њујорк тајмс нема да плаќа за Твитер беџ

Неколку часа откако ја изгуби досегашната верификација на социјалната мрежа, портпаролот на Тајмс порача дека тие нема да плаќаат месечен надомест за да го вратат својот статус на Твитер.

Закерберг тивко го закопа Метаверс?

Метаверс кој требаше да биде иднината на Фејсбук, иднина на која само минатата година компанијата потроши 13,7 милијарди долари, најверојатно ќе биде сведен на спореден проект на Мета, а неговото место ќе го заземе нешто што ќе биде на тема вештачка интелигенција што ќе вклучува и Мета варијанта на ЧатГПТ.

Бришење на онлајн тетоважите

Не е ретко луѓе да бараат содржани поврзани со нив да бидат отстранети од интернет. Тоа обично следи некаква правна траекторија, но сега во Шпанија има компанија, која развила трочлена методологија и во поширока смисла се бави со регенерирање на вашиот онлајн углед.