Со трката во Мелбурн викендов започнува 65-то издание на Формула 1 шампионатот, а во новата сезона на „најбрзиот циркус" ќе бидат применети и неколку нови правила.
По повод отворањето на новата фабрика во Шангај, компанијата за производство за роботи KUKA, го предизвика поранешниот светски шампион и најдобар германски пингпонгар Тимо Бол.
Што се добива кога ќе искомбинирате фудбал и голф? Фудголф! Се игра според правилата на голфот, само што наместо топче и голф палка, се шутира фудбалска топка.
Хокејот е прилично груб спорт каде сме се изнагледале тешки борби само за да се стигне до пакот, но овој бодичек кој се случи во САД дефинитивно е за во ринг.
Најпопуларниот шампионат во боречките спортови - UFC (спортот во кој двајца во кафез се кршат од мавање без правила), неодамна одбележа 20 години од првата организирана борба. Целата историја на UFC е прикажана во овој документарец на FOX Sports.
Веќе го отпишавме и почнавме да го предвидуваме крајот на ерата на Федерер, но тој на најдобар начин не демантираше и докажа дека никогаш не се предава. А за тоа има и доказ со еден неверојатен статистички податок.
Робин Дикин е толку лош боксер што дури и британската федерација му ја одзеде дозволата за негово добро по толку ќотек, но тој и натаму не се откажува и покрај тоа што има серија од 51 пораз.
Антонио Ристевски го оствари најдобриот пласман на Зимските Олимписки игри во македонската историја, завршувајќи на 29-то место на денешната слаломска трка во Сочи.