БЛ 10-то коло (трет ден)

SISTINA преку одбрана до победа над Општина Карпош

Комплетирано е десеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија.

Гранит со звукот на сирената до победа над ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 4-5 (4-3) Гранит
ЕЛЕМ: Антонио Тасев 1', 10', Димче Димитријески 14', Влатко Петровски 16'
Гранит: Дарко Аралампиевски 12', Ивица Димишковски 18', 27', Благоја Тагасовски 18', Дарко Стојановски 40'
Одлично прво полувреме со доста голема реализација во нападот одиграа екипите на ЕЛЕМ и Гранит. И двете екипи одиграа доста добро во одбраната, што им овозможи да имаат одлични контранапади преку кои поентираа. Полувреме 4-3. Во второто полувреме и двете екипи го зголемија интензитетот и започнаа со многу подинамична игра, борејќи се за секоја топка. Екипата на ЕЛЕМ внесе голман-играч во своите редови, обидувајќи се да стигне до водство, но при една грешка во додавање буквално во последната секунда Гранит постига гол за победа на овој натпревар од 4-5.

SISTINA преку одбрана до победа над Општина Карпош
Општина Карпош 1-4 (1-3) SISTINA
Општина Карпош: Горан Даниловски 6'
SISTINA: Игор Ѓорѓиевски 3', Александар Јаневски 9', 17', Даниел Боневски 40'
Во фер и коректна игра екипата на SISTINA ја совлада екипата на Општина Карпош. Екипата на SISTINA играше одлично во нападот со доста течен проток на топката и стигаше до погодок од добро изработени изгледни позиции. Кај Општина Карпош имаше мал пад во играта во одбраната. Со ваква игра во одбраната не можеа да очекуваат подобар резултат и го загубија овој натпревар со 1-4.

27 февруари 2014 - 08:28