Македонскиот знаменосец на Зимските Олимписки игри го обели образот на нашите претставници во Сочи. По неуспехот на велеслаломот, денес Ристевски се пласираше на 29-та позиција од 43 натпреварувачи колку што ја завршија трката.
На стартот од првата трка се појавија 116 скијачи, а нашиот Ристевски стартуваше од 84-та позиција според пријавеното време. Првата трка ја извозе се време 55.38 секунди, односно 8.68 секунди заостанување зад Австриецот Марио Мат и се пласираше на 56-то место.
На втората трка Ристевски имаше 28-мо време и со вкупни 1:58.44 минути, односно 16.60 секунди заостанување зад Мат, нашиот скијач заврши на 29-та позиција.
Првите две места ги освоија Австријците Марио Мат и Марсел Хиршер, а бронзата му припадна на Хенрик Кристоферсен од Норвешка.