Британските Девствени Острови никогаш немаат снег, но имаат скијачка федерација која ја формираше еден ентузијаст само за да може да учествува на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Мухамад Карим, дечкото што како мал тренирал со рачно изработени дрвени скии, си го исполни својот сон да настапи на Зимски Олимписки игри, а успеа и да ја заврши велеслаломската трка.
Како никогаш до сега оваа дисциплина од Зимските Олимписки игри стана најпопуларна, но повеќе како мајтап, па кој стигне почна да се глупира играјќи со кучиња, тенџериња, кациги, луѓе. Еве и по трет пат ќе ги предупредиме да внимаваат.
Спортистите се подготвени да победат многу пречки во животот за да го достигнат врвот. Таков е примерот со олимпискиот шампион во ски скокови кој се плаши од висина, како и скијачот кој бил алергичен на ладно време.
Со 36 години Боди Милер стана најстариот освојувач на олимписки медал во историјата на алпското скијање, но за време на интервјуто тој имаше многу поголема причина за неговата емотивна реакција. Еве кој друг не успеа да ги задржи солзите во Сочи.
Им фаќавме сеир на норвешките натпреварувачи во карлинг за нивната облека, но најверојатно треба и да ги жалиме затоа што тие имаат поголеми шанси да се повредат од многу натпреварувачи во други зимски спортови.
Богатиот брачен пар од САД со огромна желба за настап на Олимписки игри си формираше дури и своја скијачка федерација, но наместо олимписка бајка тие добија стомачен вирус, скршен нос и тужба.
Фер-плејот и етичкото однесување се дел од фундаменталните принципи на Олимпизмот, но отсекогаш постоела по некоја „црна овца" која се има запишано во историјата на Олимписките игри со допинг скандал, а не со освојување на медал.
Повеќе медиуми, спортисти и официјални лица ги обвинија организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи дека наместиле неколку трки во санкање и скелетон откако руските натпреварувачи освоија медали во овие дисциплини.
Руската влада препорача децата од оваа земја да си одат од училиште и да не добиваат домашни задачи за да можат повеќе да гледаат Олимписки игри на телевизија.
Градот домаќин на Олимписките игри е познато летувалиште во Русија, а најмногу на своја кожа тоа го почувствува еден норвешки натпреварувач на крос кантри.
Ли Џанру од Кина го освои златото во брзо лизгање на патеката од 500 метри и покрај тоа што на половина од трката беше последна, а на крајот заврши со шест секунди предност во однос на второпласираната. Еве како и успеа.
На крос кантри трката на 15 километри класично, односно дисциплината која е негова специјалност, македонскиот претставник Дарко Дамјановски се пласираше на 81-та позиција.