Разно

Зошто Мазе и Гизин го поделија златото?

По вчерашната драма во женскиот спуст, за прв пат во историјата на најбрзата патека во женското алпско скијање, две натпреварувачки завршија на првото место со исто време. Зошто не можеа да го измерат времето до илјадити дел од секундата?

Колароска заврши претпоследна

Македонската претставничка на Зимските Олимписки игри во Сочи денес го имаше својот настап на крос-кантри трката на десет километри и заврши на претпоследната позиција.

Ако во Сочи се јадеше грав

Време е за малку смеење на Олимписките игри. Пуштете ги звучниците посилно и дајте му златен медал на монтажерот за ова одлично синхронизирано видео.

Најопасниот спорт во Сочи одблизу

Традиционалниот зимски спорт од ОИ санкање, дефинитивно е најопасен по животот на натпреварувачите. Погледнете ја оваа “брза“ минута каде при неверојатни 130км час нема чаре ако нешто тргне наопаку.

Колку спортисти стануваат професионалци?

Американците пресметаат колкави се шансите на еден средношколец да стане професионален спортист. Одбери пол и клик на спортот за да видиш колкава е конкуренцијата.

Филипинецот кој ја заложи куќата за да стигне до Сочи

Првиот Филипинец на Зимски Олимписки игри кој тренира уметничко лизгање на имповизирано лизгалиште во подрум на трговски центар, бил приморан да ја заложи куќата на мајка му за да го исполни својот сон во Сочи.

Островот кој е снабдувач на карлинг оди на продажба

За „Ailsa Craig“  на шега велат дека е единствениот остров кој има освоено златен медал. Од него се набавуваат камења кои се преработуваат и се користат за карлинг и на Олимписките игри во Сочи.

Трибините зјаат празни во Сочи

И покрај тоа што организаторите велат дека 92% од влезниците се распродадени, сликите од празните седиште на спортските борилишта во Сочи го тврдат спротивното.

Дамјановски 78-ми во спринт

Дарко Дамјановски е првиот Македонец што настапи на Зимските Олимписки игри во Сочи. Претпладнево тој на квалификациите во дисциплината спринт заврши на 78-та позиција од 86 натпреварувачи.

Што е со ѓубрето на дното од ски скокалниците?

Ако ги гледате ски скоковите на Зимските Олимписки игри во Сочи или четирите скокалници, сигурно се прашувавте зошто на дното од ски скокалниците има треви и ѓубре? Постои многу добро објаснување.

И хокеарките не се штедат

На денешното второ коло во хокеј на мраз, селекцијата на САД која на минатите игри во Ванкувер 2010 го освои средбрениот медал, ја декласираше Швајцарија со убедливи 9:0. Грубоста на овој спорт ни е добро позната, но да ги видиме најжестоките дуели на досегашните натпревари во Сочи во женска конкуренција.

За малку стриптиз во Сочи

Руската олимпијка Олга Граф го освои првиот медал за домаќините на ЗОИ во Сочи, а таа бронзениот медал во брзо лизгање за малку ќе го прославеше со стриптиз.

Колку пари ќе добијат Олимпијците во Сочи

На Македонците им ветија по 500 евра, но може да не ги добијат и тие ако имаат слаби резултати, а некои спортисти добро ќе се офајдат од Олимписките игри во Сочи.

Спустот во Сочи во прво лице

Пет-кратниот олимпиец Греам Бел кој по пензионирањето работи како новинар за БиБиСи, го помина спустот на патеката за спуст во Сочи кој се смета за една од најтешките и најопасни олимписки патеки.

А што правеше ти на 15 години?

Русинката Јулија Липницкаја ги освои симпатиите на сите љубители на зимските спортови со феноменалното издание за златен медал во екипно натпреварување во уметничко лизгање на ЗОИ во Сочи и влезе во историјата на овој спорт откако стана најмлада лизгачка со златен медал. Девојчето има само 15 години.

Олимпијците кои одбија медали

Настапот на Олимписки игри и освојување на медал е врв на кариерата на секој спортист, но има и такви кои ги имаат одбиено наградите.

Бјорндален златен и на 40 години

Легендарниот Норвежанец Оле Ејнар Бјорндален триумфираше на првата дизциплина во биатлон на Зимските олимписки игри во Сочи и го освои својот рекорден 12-ти медал.

Како се променија олимпијците

Знаеме дека денешните спортисти се „чудовишта" чии тела се извајани за екстремни остварувања. А какви биле спортистите во минатото и колку тие се промениле низ годините?

Така трчаше дечкото со капчето

Дејв Вотл, олимпискиот шампион на 800 метри од Минхен 1972, беше познат по своето капче и експлозивност во финишот. Ова е неговата најпозната трка во кариерата и една од најинтересните во историјата на Олимписките игри.

ЗОИ Сочи 2014 низ бројки

По 40.000 поминати километри (вклучувајќи го и патот до вселената) за 123 денови, олимпискиот факел денес ќе пристигне на стадионот Фишт во Сочи со што ќе започнат 22-те Зимски Олимписки игри кои ќе чинат 51 милијарда долари. Ова се дел од бројките за ЗОИ Сочи 2014.

Зимските Олимписки игри низ историјата

Долго најавуваниот најголем спортски зимски спектакл стартува утре во Сочи за кој Русите ќе потрошат контроверзни и рекордни 51 милијарда евра. Ова ќе биде 22 издание на овие игри кои до сега честа да бидат домаќини ја имаа десет земји. 

Олимписките игри отсекогаш биле геј

Русија во пресрет на Зимските Олимписки игри во Сочи донесе закони и започна пропаганда против хомосексуалците, а еден канадски институт кој ги брани правата на геј популацијата возврати со реклама.

Американците ќе освојат најмногу злата во Сочи

Според холандската компанија специјализирана за спортска статистика Infostrada, натпреварувачите од Норвешка ќе освојат најмногу медали, а Американците ќе добијат најмногу злата на Олимписките игри во Сочи.

Олимпиецот кој ќе биде полош и од нашиот

Нашите натпреварувачи на Олимписките игри секогаш се при дното, но никогаш не се последни само благодарение на ентузијастите како Дахири Шерпа од Непал.