ЗОИ Сочи 2014 низ бројки

По 40.000 поминати километри (вклучувајќи го и патот до вселената) за 123 денови, олимпискиот факел денес ќе пристигне на стадионот Фишт во Сочи со што ќе започнат 22-те Зимски Олимписки игри кои ќе чинат 51 милијарда долари. Ова се дел од бројките за ЗОИ Сочи 2014.

7 - држави за прв пат ќе учествуваат на ЗОИ (Доминика, Малта, Парагвај, Источен Тимор, Того, Тонга и Зимбабве).

8,3 - степени е просечната температура во Сочи во февруари. Ова ќе бидат најтоплите Зимски Олимписки игри.

12 - нови дисциплини ќе дебитираат на овие Зимски Олимписки игри.

17 - денови ќе траат Олимписките игри (7-23 февруари). Параолимпијадата ќе трае 9 денови (7-16 март).

51 - милијарди долари ги чини Русите оваа нивна зимска авантура и покрај тоа што првичните математики беа само 12 милијарди.

22 - Ова ќе бидат 22-ри Зимски Олимписки игри и први кои ќе се одржат во Русија.

37 - часа пат со воз до Сочи од Москва која е одалечена 1.600 километри.

88 - држави ќе го веат своето знаме во Сочи. Тоа е нов рекорд со 6 држави повеќе од Ванкувер 2010.

98 - златни медали ќе бидат поделени на ЗОИ Сочи 2014. Тоа се 12 повеќе од Ванкувер 2010 и 14 повеќе од Торино 2006.

145 - Сочи е еден од најдолгите градови во Европа. Тој се простира на 145 километри долж обалата на Црното море.

230 - спортисти од САД, најбројната делегација во Сочи.

6.000 - спортисти и членови на олимписките делегации ќе бидат сместени во Сочи.

13.000 - новинари и фоторепортери се акредитирани.

25.000 - доброволци ќе бидат дел од ЗОИ.

37.000 - полицајци, војници и обезбедувачи ќе се грижат за безбедноста.

7 февруари 2014 - 10:46